Многубројните реакции од јавноста и претставници на СДСМ го принудија министерот за здравство, Венко Филипче, да се повлече од идејата, хируршките интервенции за промена на полот да ги покрива државата. Оваа одлука беше на сила само десет часа.

Лидерот на ВМРО -Христијан  Мицковски, ја критикуваше вчерашната одлука, противејќи се пари на граѓаните да се даваат за таков вид интервенции.

„ Промената на полот е право на избор, а лекувањето на болест е нужност. Правото на живот е поголемо и поважно од се друго. Промена на полот да, но не со пари на граѓаните“, изјави Христијан Мицковски, ВМРО ДПМНЕ.

Реагираа и сопартијците на министерот Филипче. Според градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски таквата одлука на Филипче била навредлива.

„Прави со сопствениот живот што сакаш, сакај и менувај пол, лична одлука, но не на државна, а уште помалку на моја сметка! Да се разбереме, не сум против лични слободи и права, маргинализирани групи и.т.н. ги почитувам и уважувам сите, но ова е веќе навредливо. Во претставничката демократија законот е волја на мнозинството (ГРАЃАНИ), не лична желба на поединци“, изјави Максим Димитриевски, Градоначалник на Куманово.

Поради играњето топло – ладно со граѓаните, ние не можеме да знаеме што следно да очекуваме, што ќе се донесе или повлече во зависност од тоа како ќе му текне на Заев или Филипче во случајот. – посочува анонимно граѓанин со кој разговаравме.

Оставка е најсоодветното од оваа неспособна влада!