Со тоа што ќе вложуваме во докторите, не само нивните примања, туку и нивната едукација, заради тоа што докторите не заминуваат само заради платите. Заминуваат заради многу фактори, општествени. Меѓу другото и начинот на кој што се едуцираат и нивото на едукација кое што го добиваат во нашата земја, појасни Венко Филипче при гостување во една телевизија, во еден магазин.

Филипче образложи дека ние имавме врвни експерти во многу области, еден од главните проблеми е кога се отворија приватните болници тие едноставно заминаа. И на некој начин тие што беа достапни за сите, станаа достапни само за тие што можат да платат.

Огромен број на граѓаните бараат услуги токму од приватните болници заради експертите, многу малку или одреден процент заради условите во кои што се работи, посочи Филипче.