Државната кардиохирургија која се наоѓа  во рамки на кампусот „Мајка Тереза“ е само адултна. Иста таква е и ситуацијата и со „Жан Митрев Клиника“. И во оваа здравствена установа има само адултна кардиохирургија. Оттука можеме да заклучиме дека и за едната и за другата потребно е приспособување за да може да се прават операции за новороденчиња и за деца воопшто.

Значи дека приспособувањето може да се направи во рамките на државните здравствени капацитети барем онаму каде што тоа го има.

Имено приспособувањето треба да биде на државно и приватно ниво. Детската кардиохирургија во рамки на Клинички е во зградата на Хирургија, а кардиохирургијата е во зградата на Клиниката за кардиологија.

Во „Жан Митрев Клиника“ има само тројца педијатри, но нема медицински друг персонал кој е приспособен за нега на новороденчиња и деца. За разлика од оваа болница пак во државната има соодветен кадар од педијатри до оние кои се потребни за детска кардиохирургија од хирурзи заклучно со сестри и севкупниот потребен персонал и за постоперативна нега и грижа.

Инаку проблемот со инфраструктурата постои речиси во сите државни клиники, особено во оние во кампусот „Мајка Тереза“.

Граѓаните велат дека се приморани да одат во јавното здравство зошто немаат финансии.

-Секое влегување во било која клиника чини исто ако си осигуран, а не да одам во приватна, реагира еден граѓанин кој го сретнавме пред влезот во Клиника.