Ковид-19-скринингот започнува утре во основните училишта

Портпаролот на Комисијата за заразни болести, д-р Злате Мехмедовиќ, во изјава за медиумите посочи дека во средните училишта епидемиолошката состојба е стабилна. Тој најави дека од утре започнува скринингот во основните…

Портпаролот на Комисијата за заразни болести, д-р Злате Мехмедовиќ, во изјава за медиумите посочи дека во средните училишта епидемиолошката состојба е стабилна. Тој најави дека од утре започнува скринингот во основните училишта, бидејќи токму од таму стигнале загрижувачки бројки во однос на инфицираните од Ковид-19.

– Обезбедени се тимови кои ќе го спроведат скринингот, изјави д-р Мехмедовиќ.

Претседателот на Комисијата за заразни болести, д-р Александар Петличковски посочи дека скринингот ќе биде спроведен токму во училиштата.


Related Articles