Поради натрупаното незадоволство, матичните лекари утре излегуваат на протест

Претседателката на Здружението на матични лекари (ЗПЛМ), д-р Лили Чолакова-Дервишова, најави протест на матичните лекари во земјава. Причините како што посочи таа се многубројни, а најголем проблем е ниската капитација,…

Претседателката на Здружението на матични лекари (ЗПЛМ), д-р Лили Чолакова-Дервишова, најави протест на матичните лекари во земјава. Причините како што посочи таа се многубројни, а најголем проблем е ниската капитација, зголемените сметки за струја, минималната плата од 18 000 денари, кои придонесуваат некои од лекарите во помалите места да се соочат со можноста за затворање на приватните здравствени установи. Протестот ќе се случи утре, а за попладнето е закажана средба со заменикот-министер за здравство.

– Овој протест е поради низа причини со кои се судруваме во работата, како малата капитација од 65 денари која е донесена од 2018. Со овие средства треба да се плати медицинска сестра со минимална плата од 18.000 денари, да се плати зголемена сметка за струја. Има колеги во малите места каде бројот на пациенти се намалува и тие се судруваат со можноста од затворање на амбулантите. Здружението е на сите приватни лекари и затоа го правиме овој протест“, кажа д-р Лили Чолакова-Дервишова, претседателка на Здружението на матични лекари (ЗПЛМ).

Таа вели дека незадоволството кај матичните доктори се натрупало изминатиот период, имало различни мислења како да се искаже и се решиле да излезат на протест. Поради лошата состојба во приватното здравство, бројот на доктори од 1.800 се намалил на 1.436.


Related Articles