Стојаноска: Дали министерот за здравство Филипче е запознаен со вработувањата на фамилиите на неговите најблиски соработници

На денешната собраниска седница пратеничката од редовите ВМРО ДПМНЕ Дафина Стојаноска постави неколку собраниски прашања. Имено таа ја праша министерката за труд и социјала Мила Царовска колку директори на јавни…

На денешната собраниска седница пратеничката од редовите ВМРО ДПМНЕ Дафина Стојаноска постави неколку собраниски прашања. Имено таа ја праша министерката за труд и социјала Мила Царовска колку директори на јавни здравствени установи има ангажирано во различни комисии во рамките на Министерството за труд и социјална политика, по кои критериуми се бираат истите и какви се нивните надоместоци. Таа исто така праша колку пати се состануваат за договорениот хонорар , дали има судир на интереси и дали за истото треба да поведе постапка Антикорупциска комисија?

-Јавноста и ние треба да знаеме дали овие лица хонорарната работа ја извршуваат за време на работа и дали нема други лица освен вашите директори кои добро би ја вршеле оваа работа ако и не се ваши партиски кадри, кажа Стојаноска.

Понатаму, Стојаноска му постави и неколку прашања на актуелниот министер за здравство Венко Филипче. Таа го праша министерот за здравство дали тој води сметка за аздисаноста на своите најблиски соработници и потенцираше дали министерот е запознаен во колку работни групи се и од кои институции како владини така и невладини земаат пари.

-Дали Филипче знае дека двајца негови штотуку унапредени државни советници со иницијали М.К и Г.М за многу краток период купиле џипови но сепак истите не се пријавени во Антикорупциска, праша Стојаноска.

Второто прашање на пратеничката Стојаноска до министерот за здравство е дали министерот е запознаен со вработувањата на фамилиите од неговите најблиски соработници.

-На пример скоро унапредената државна советничка со иницијали Г.М во моментов на актуелен оглас ја вработува својата снаа на позиција раководител на одделение или прави огромни притисоци за Стоматологија со ниту еден ден стаж на раководна функција , или тоа дека секретарката на Филипче си ја вработила својата внука во институтот за јавно здравје. Дека кабинетскиот советник А.Б задолжена за правни работи во моментов силно агитира за вработување на својата ќерка исто така во институтот за јавно здравје кое што ја дели истата зграда со Министерството за здравство, праша Стојаноска.

Пратеничката од ВМРО ДПМНЕ Стојаноска додаде дека за тоа дека сите го напуштаа бродот кој тоне говори и фактот дека на месец дена пред техничката влада заминал и вториот шеф на кабинет на министерот и праша дали и вториот шеф на кабинет си заминал заради притисоците и сомнителните активности на кој бил изложен.

-Дали станува збор за активности и работи за кои таа не се согласувала како што беше случај и со првиот шеф кој јавно проговори за истото и дали е вистина дека за нов шеф на кабинет е поставен извесен Дритон кој доаѓа од фармацевтската куќа „Алкалоид“ од позиција менаџер и зарем не е ова конфликт на интереси особено земајќи предвид дека токму Министерството за здравство во изминатиов период е претворено во Биро за јавни набавки, додаде Стојановска.

Дополнително Стојаноска праша зошто е поништен групниот оглас за вработување на 14 лица и дали е вистина дека цел оглас е поништен заради фактот дека административната селекција не ја поминало лицето Ф.И. Пратеничката од ВМРО ДПМНЕ рече дека кога веќе е кај огласите како може работно место правен асистент во Министерството за здравство – сектор хемикалии да биде планирано лице со трговско образование и лицето е со иницијали со М.М кое моментално е секретарка на државниот секретар.


Related Articles