Невиден срам, деградација и понижувачки однос. Со месеци лаги, манипулации и газење по достоинството на здравствените работници, молење и шетање по институции кои се ненадлежни и само си ја префрлуваат одговорноста.

Коментарите на социјалните мрежи се дека ова покачување на платата од 3000 ден бруто за сестрите и 2000 ден бруто за останатите здравствени работници и помошно-технички персонал всусшност значи точно 2010 ден за сестрите и 1340 за останатите здравствени работници и помошно-технички персонал што е срамно и во никој случај не може да значи мотивирање на кадарот.

Напротив ова претставува уште еден чекор во насока на дополнително демотивирање на кадарот и продолжување на трендот на напуштање на јавното здравство кој посебно е изразен во изминатиов период.

Во меѓувреме впечатокот е дека здравството е на колена, освен што нема доволно средства за медицинскиот персонал, не се води сметка ниту за зајакнување на инфраструктурата со која би се унапредиле условите за работа на здравствените работници.

Генералниот впечаток е дека здравството е на маргините доведено што е на огромна штета како на здарвствените работници,така и за пациентите.