Додека секојдневно Kлиничкиот центар тоне во хаос, смет и неорганизација, додека клиниките се борат за основни услови, а пациентите да „преживеат“, се случува една невообичаена и страшна битка на Kлиниката за детски болести.

Министерот се расфрла со пари за основни проекти, идејни проекти за дисперзија на градските болници, за паркинг гаража веднаш до клиниката за гинекологија, за набавка на лекови со сомнително потекло, но при тоа ниту размислува ниту се има слух за тоа што им е потребно на пациентите.

На најмалите најмногу им е потребно внимание, меѓутоа очигледно Филипче го преспал тој час и не ги знае тие лекции, бидејќи на Kлиниката за детски болести се води најголемата битка за функционирање. До вчера пациентите немаа основни средства како влажни марамчиња, средство за дезинфекција, тоалетна хартија, деновиве оваа Kлиника е претворена во депонија, каде смет може да се најде од секаде.

Надлежните на оваа инстуција подрумот  го претвораат во ѓубриште, во депонија, а сите ние знаеме каде што има отпад, влажно е и темно има услови за развивање на различни бактерии и зарази кои можат, наместо да им помогнат на дечињата кои бараат помош во оваа здравствена институција, да ги разболат, заразат уште повеќе или едноставно да им наштетат на нивното здравје.

Нашата редакција дојде до фотографии и информации дека во подрумските простории на Клиниката за детски болести се складираат од креветчиња, прозори, до апарати, машини и што уште не. Дали министре Филипче македонските дечиња, нашите дечиња, македонските најмали пациенти заслужуваат вакви услови на лечење и како дозволувате вакво нешто да се случува, дали сте до толку затрчани и само ве интересираат тендерите и провизиите при што заборавивте на дечињата и нивното кревко здравје како и на тоа колку зависат од вас како доктори за подобрување на нивната состојба.

Македонските граѓани почнуваат да се сомневаат и се исплашени дали да ги донесат своите деца на клиниката за детски болести додека во неа владеат вакви услови за функционирање. Исплашени се за потенцијалните зарази кои можат да ги префатат додека престојуваат на оваа клиника едноставно размислуваат за здравјето на нивните дечиња.

Дали Филипче размислува за ова, дали се обидува да најде решение? Секое дете заслужува да се лечи кога има потреба, а притоа Филипче е личноста која треба да се грижи тоа да биде барем во минимум основни услови. Зар не?