Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против лекарот Виктор Тренчев и против медицинска сестра од Клиниката за пластична хирургија, затоа што сториле кривично дело Несовесно лекување болни казниво по член 207 од КЗ.

Според обвинението, лекарот во периодот од 8.10.2014 до 10.10.2014 година при оперативен зафат, извршен на ЈЗУ Универзитетска Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија  – Одделение за пластика во Скопје, во телото на оштетената пациентка оставил парче газа. По здравствени проблеми кои се јавиле подоцна, пациентката била оперирана на ЈЗУ Универзитетска клиника за трауматологија,ортопедски болести,анестезија,реанимација,интензивно лекување и ургентен центар, каде што хирурзите ја отстраниле заборавената газа.

Оштетената пациентка, пријавата за овој случај до ОЈО Скопје ја поднела на 30.01.2017 година.
Обвинението е подигнато после година и половина, на на 05.06.2018 година. Обвинителството, во тој период , на 22.02.2017 година, или 3 недели по поднесување на пријавата ја распрашало оштетената пациентка, а на 31.05.2017 година бил сослушан обвинетиот лекар Виктор Тренчев.


Била издадена наредба на 13.06.2017 година до Институтот за судска медицина , криминалистика и медицинска деонтологија, кој извршил вештачење за тоа какви пропусти се направени при лекувањето на оштетеното лице од страна на лекарот и сестрата.

Писменото вештачење од Институтот било доставено до ОЈО на 06.10. 2017. Медицинската сестра која е второ обвинета била испитана на 10.04.2018 година, цела година по поднесување на пријавата. биле извршени и проверки на Универзитетска Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија за да се обезбедат докази. Се проверувала и документација на ортопедија.

Во месец Јуни е првото рочиште поминато, деновиве е второто, се очекува што ќе реши судот и каква пресуда ќе се донесе. Пропустите кои денес се случуваат на клиника се блиску до тие на филмските платна, прашањето до министерот Филипче е, Филипче ти знаеш каква е состојбата на клинички центар дали воошто ќе се потрудиш да ја смениш, ако е така, кога?