Поликлиниките во Скопје ќе добијат нови возила. Од Министерството за здравство информираат дека се обезбедени нови 13 возила за потребите на овие здравствени установи.
Возилата ќе бидат промовирани денеска на паркингот позади поликлиниката Бит пазар, а на настанот најавено е присуство на министерот за здравство Венко Филипче и на директорите на Здравствениот дом – Скопје, Виктор Искановски и Бесим Кока.