Алармантно, Алармантно!!! Во главниот град Скопје службата за итна медицинска помош има само шест возила со кои ги опслужува граѓаните на градот Скопје кои се приближно 1 милион или во најдобар случај повеќе од 600 – 700 илјади граѓани. Наместо министерот и градоначалникот, Филипче и Шилегов да тргнат се на страна за извесен период и да го средат ова како приоритет број еден, Филипче пробува и неуспешно мести тендери, па пробува пак, додека Шилегов, градскиот татко воопшто не е достапен за никого ниту да одговори како е направен овој пропуст со кадар и со возила во службата за итна медицинска помош?
Многу празни ветувања, чист воздух, хаос паркови, клинички тоне во смет, луѓето немаат каде да се лечат, несоодветен кадар, граѓаните се борат со наездите на комарци, Шилегов тера со паметот источно од Дунав, какви се овие функционери кога немаат три чисти да излезат ветувањата да ги изреализираат, кога не се појавуваат во јавноста, не помагаат на граѓаните туку со секој нивен потег им нанесуваат штета. Таквите функционери Г-не градоначалник и г-не министре се непотребни функционери. Каде ви е паметот, цело Скопје има само 6 амбулантни возила, за срам е ова – посочија група граѓани од Лептокарија
Со двојно помалку тимови од потребните, со само 6 возила, а стотици повици дневно работи службата за итна медицинска помош во главниот град. Министерството за здравство ветува набавка на нови возила и вработувања.
Службата се уште ги нема добиено ниту новите возила кои владата вети дека ќе ги обезбеди од продажбата на мерцедесот.
Владиниот портпарол вели процесот на продажба е се уште во мирување поради судскиот спор.