Во главиот град на Индија, Њу Делхи регистрирани се речиси 4.000 новозаболени лица со Ковид-19, што е рекорден пораст од почетокот на пандемијата.

Њу Делхи сега е на второ место по бројот на заразени лица со новиот коронавирус во Индија со повеќе од 66.000 случаи, веднаш зад Мумбај, каде се инфицирани околу 68.000 луѓе од почетокот на пандемијата.

Локалните власти во Њу Делхи најавија дека ќе се тестира секое домаќинство во градот, со цел да се сузбие ширењето на заразата.

Во Индија минатиот месец беа укинати карантинските мерки и оттогаш бројот на заразени расте со голема брзина.

Од почетокот на епидемијата во Индија, Ковид-19 е потврден кај повеќе од 456.000 лица, од кои 14.500 починаа од последици од вирусот.