Владата на Република Македонија  во рамки на 78-мата седница ја разгледа информацијата за спроведена постапка по објавен оглас и го прифати предлог – решението д-р Маја Мојсова Мијовска да биде национален координатор за трансплантација.

Доктор Мојсова Мијовска, соопшти владината прес-служба, од 2013 година е назначена за болнички координатор за трансплантација, а од декември 2017 година e поставена за раководител на Одделот за анестезија, реанимација и интензивно лекување при Клиниката за ТОАРИЛУЦ.

Мандатот на Мојсова Мијовска како национален координатор за трансплантација е четири години.