И официјално почнувајќи од полноќ повеќе нема да важи полицискиот час. Владата ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести и донесе одлука за целосно укинување на ограничувањето за движење на граѓаните. Се укинува и ограничувањето за максимум 100 гости на свадби и прослави, а исто така укинати се ограничувањата за организација на настани, концерти, забави во клубовите и локалите само на отворено.
Владата донесе заклучок да престане да важи обврската угостителскиот објект во кој има прослава да ја регистрира и пријави прославата во угостителската комора која води регистар на свадби, прослави и останати веселби.
Одлуката следи по препораката на Комисијата за инфективни болести, која оцени дека епидемиолошката состојба во земјата се стабилизира со намалување на бројот на позитивни случаи на Covid19 и зголемување на бројот на вакцинирани.