Министерот за здравство, Венко Филипче најави дека од понеделник во Македонија ќе се дозволи вакцинација на младата, односно школска популација од 12 до 16 години со вакцината на Фајзер.
Според министерот само со вакцинација може полесно да се справиме со делта сојот. Тој нагласи дека присуството на коронавирусот најверојатно ќе трае повеќе години, ние треба да научиме да живееме со вирусот, да не бидеме затворени но да бидеме вакцинирани.
-Апелирам кон граѓаните од понеделник да се имунизираат без претходно да се најават, има доволно вакцини – посочи Филипче.