На скандалите на СДСМ им нема крај! Уште еден во низата скандали поврзани со министерството за здравство и Венко Филипче. Скандалозно однесување на градоначалникот Петре Шилегов, општинските инспекции, служби, државната инспекција и депонијата Дрисла излезе на виделина. Ни помалку ни повеќе медицински отпад непрописно се третирал и се носел во Дрисла, кучиња јаделе човечки органи и друг вид медицински отпад, а водата истекувала во реката Вардар, рече на денешната прес-конференција, Марија Андоновска, од ВМРО-ДПМНЕ.
-Каде е Филипче, но и сите надлежни да одговорат за овој случај? Каде е Јани Макрадули кој наместо да парадира по настани треба суштински да делува? Филипче, ги знае ли воопшто протоколите за уништување на медицински отпад? Филипче знаеш ли воопшто каде завршува тој медицински отпад? Господине Макрадули што прават инспекциите од министерството за животна средина, зошто не се штити животната средина и здравјето на граѓаните? Ова е скандал и на Шилегов, на инспекциските служби и на Дрисла. Шилегов вие го водите градот трета година по ред, како тоа не знаете каде завршува медицинскиот отпад?! Како тоа при вонреден надзор е откриен случајот во декември?! Шилегов, сега е месец февруари! Но, не само што е февруари, што се случува во Дрисла, што прават во Дрисла, знаат ли надлежните со што воопшто работат? За ваков невиден скандал Јавното обвинителство мора веднаш да реагира, уште повеќе досега требаше да има отворена истрага. По ваков невиден скандал во кој се вклучени Филипче, Шилегов, Макрадули инспекциските служби и Дрисла, мора да сносат одговорност. Уште е непознато зошто во ваков еден скандал Филипче и Макрадули сеуште молчат и не си поднесуваат оставка, истакна Андоновска.
На 12-ти април ќе дојде крај на овие скандали и во Македонија ќе започне обнова заедно со ВМРО-ДПМНЕ, додава таа.