Никој не негира оти тештата на министерот Филипче, Катерина Савеска и сопственикот на фирмата „Синерџи“, Горан Филипов, што редовно добиват тендери за набавка на материјали за државните болници, заедно градат куќа.

Поминаа повеќе од 24 часа, а Филипов и Савеска, не се обратија до редакцијата на една македонска телевизија, исто така и  министерот Филипче реши да молчи, а при тоа од МЗ службата за ПР упати барање за извинување за објавен прилог на дотичниот медиум преку кој се отвораат основани прашања од јавен интерес, пристигна како допис од министерството за здравство. Од МЗ обвинуваат дека се изнесувале неосновани претпоставки.

-Не постои никаква поврзаност помеѓу министерот Венко Филипче и наводниот објект за којшто се зборува во прилогот или со сопственикот на објектот. Секоја релација што е наведена во прилогот е неоснована, произволна и резултат на претпоставки. Целиот прилог се базира врз наводни врски и наоди кои се истакнати во самиот прилог и кои немаат врска со реалноста. Исклучена е можноста за какво било влијание врз тендерската постапка од страна на министерот или кое било друго лице од Министерството за здравство. Од медиумот, МЗ бара да се извини за невистините изнесени во текстот, се наведува во реакцијата на државната институција. Според службата за односи за јавност, со прилогот се вршел обид, името на министерот да се поврзе со искреирана бизнис релација со што ќе се дискредитирало името на функционерот и процесите на Министерството за набавка на медицинска опрема, не дека сите тендери до сега се договорени и доделени во четири очи од страна на министерот Филипче

Нејасно е зошто министерот самиот директно не негираше дека негова роднина и сопстеникот на „Синерџи“, за кој потврди дека го познава, а со кого не се блиски пријатели, заедно градат куќа. Како е можно да не си пријател, да не се познаваш, а да градиш куќа со некого?

Според документи до кои дошле од медиумот, името и презимето, воедно и адресата на сопственикот на „Синерџи“ се исти со податоците во катастар. Куќата постои, се наоѓа во Нерези и е во постапка на градба.

Должност на новинарите е да истражуваат секогаш кога постојат индиции дека е можна злоупотребата од одредена институција на јавните пари од страна на некој дотичен или некои дотични функционери.

Останува и понатаму прашањето: Зошто сопственик на фирма која секој месец добива тендери од државни институции, заедно со роднина на функционер (Венко Филипче) гради куќа поголема од 1000 м2? Дали на ова прашање ќе се одважи министерот или некој од власта да одговори?