Охридската општа болница денеска хоспитализираше 63 пациенти со симптоми на коронавирус

Коронавирусот полека но сигурно ги полни капацитетите на сите болници во државава. Охрид како четвртти град во Македонија со најголем број на активни случаи, во текот на денешниот ден хоспитализираше…

Коронавирусот полека но сигурно ги полни капацитетите на сите болници во државава. Охрид како четвртти град во Македонија со најголем број на активни случаи, во текот на денешниот ден хоспитализираше 63 пациенти со симптоми на вирусот. Директорот на установата Горан Балески појасни дека 40-тина од хоспитализираните пациенти се на кислородна поддршка, некои од нив со потешка клиничка слика, а најмладиот од нив има 37 години.

Пациентите се хоспитализирани во Охридската општа болница, а модуларната болница што работи во рамки на општинскиот ковид-центар нема слободен кревет. Дел од пациентите се сместени на интерното одделение, а суспектни случаи се сместени на Одделението за геријатрија.

Во однос на модуларната болница, од управата е побарано да се обезбедат дополнителни 9 контејнери кои откако ќе бидат климатизирани и поврзани на електричната и водоводната мрежа, ќе можат непречајно да функционираат. Со тоа капацитетот на болницата ќе се зголеми за дополнителни дваесет легла.

Директорот Балески посочи дека ревакцинацијата на здравствените работници од ковид-центарот во Охрид ќе започне во сабота, а ќе бидат опфатени 80 здравствени работници кои веќе ја имаат примено првата доза од вакцината „Фајзер“.


Related Articles