Околу 2.000 луѓе беа пријавени на „Скопје на точак“.
Тие ги возеа своите велосипеди на караванот кој се одржува втора година по ред. „Скопје на точак“ е под покровителство на Град Скопје и се организира од Сојуз на спортови на Скопје.
За безбедноста на караванот и неговите учесници се погрижија МВР кои заедно со организаторите ги водеа учесниците по брзина од 20 километри на час.
Регистрацијата беше бесплатна и на лотаријата беа доделени неколку подароци и тоа велосипеди, велосипедска опрема, ракавици, заштитни шлемови.