Светскиот ден на Даунов синдром официјално се слави од Обединетите нации на 21 март од 2012 година.

Овој датум е симболично означен на 21-от ден од третиот месец во годината, за да се одбележи карактеристичното трипликација на 21-от хромозом, што предизвикува Даунов синдром.

Даунов синдром (или трисомија 21) е состојба во која лицето има дополнителен хромозом. Хромозомите се еден вид „пакети“ гени во телото, сместени во јадрото на секоја клетка. Клетката на човечкото тело има 46 хромозоми, или две групи од по 23 хромозоми, каде што едната група доаѓа од мајката, а другата од таткото, со што се формираат 23 пара хромозоми. Тие одредуваат како се формира и функционира телото на бебето за време на растот.

Околу едно од 800 до 1.000 бебиња се раѓа со Даунов синдром. Даунов синдром се јавува природно – нема позната причина, а веројатноста се зголемува со возраста на родителите (од 0,1 отсто кај 20-годишни мајки до 3 отсто на возраст од 45 години). Даунов синдром обично предизвикува различни степени на интелектуална и физичка попреченост и поврзани медицински состојби.