Mалтретирање, исмевање, навреди, омаловажување од свои соученици, па и од професори трпат средношколците од полошкиот регион, покажа анкетата што ја спроведе Сојузот на средношколци. Наместо подршка, од сојузот велат дека добивале закани од училиштата дека јавно ја објавиле анкетата која покажала дека 68% од учениците се соочуваат со некаков вид на булинг.
Тој додава дека анкетирањето на учениците покажало дека училишните управи и педагошките служби не се подготвени да ги сослушаат. Искажуваат револт поради незаинтересираноста на педагозите и психолозите да се занимаваат со проблемот, да ги советуваат децата, да ги спречат ваквите малтретирања
Во врска со оваа загрижувачка појава од Сојузот на средношколци дури шест пати побарале средба со министерот за образование Арбер Адеми, но тој како што велат ниту еднаш не прифатил да одвои барем еден час за нив“
Инаку булингот може да предизвика сериозни и долготрајни последици врз психичкото, но и физичкото здравје на децата. Колку побрзо се реагира и спречи, толку е подобро за ученикот-жртва.