Омикрон се шири со исклучителна брзина, потребна е дополнителна доза вакцина

Британскиот министер за здравство Саџид Џавид, денеска изјави дека новиот сој на коронавирусот Омикрон се шири со исклучителна брзина, така што луѓето треба да добијат дополнителна доза од вакцината бидејќи…

Британскиот министер за здравство Саџид Џавид, денеска изјави дека новиот сој на коронавирусот Омикрон се шири со исклучителна брзина, така што луѓето треба да добијат дополнителна доза од вакцината бидејќи двојно вакцинираните лица се ранливи. Иако Џавид рече дека досега нема потврдени смртни случаи во Англија, тој додаде дека околу 40 отсто од заразените во Лондон се со Омикрон и дека здравствените услуги ќе бидат преоптоварени доколку владата не преземе мерки.

– Она што го знаеме за Омикрон е дека се шири со исклучителна брзина, нешто што досега не сме го виделе, на секои два или три дена бројот на заразени се удвојува. Тоа значи дека се соочуваме со бран на инфекција, повторно сме во трка меѓу вакцини и вируси, изјави британскиот министер за тамошните медиуми.

Во телевизиска изјава, британскиот премиер Борис Џонсон рече дека секој постар од 18 години ќе може да добие трета доза од вакцината до крајот на овој месец. Според неговата изјава две дози вакцина не се доволни за да го обезбедат нивото на заштита што е потребно


Related Articles