Оревите содржат повеќе антиоксиданси од кикириките, бадемите, лешниците, тој се смета за идеална храна за мозокот. Оревите се богат извор на омега-3 масни киселини, кои се одговорни за правилно функционирање на мозочните клетки и невротрансмитерите одговорни за промена на расположението, поради што тие се корисни при лекувањето на депресијата
Зелените плодови содржат големи количества витамин Ц и јод, а традиционалната медицина најчесто ги препорачува во лекување на штитната жлезда како составен дел од ликерот кој се приготвува од оревот. Освен тоа, овој народен лек благотворно делува врз желудникот и ја зајакнува крвта.
Овој јаткаст плод е богат со магнезиум и со омега-3 масти. Освен тоа, доколку јадете ореви нема да ве мачи несоница, ќе го намалите ризикот од болести на срцето, од добивање канцер, дијабетес и Алцхајмерова болест.
-Ја намалува големината на струкот, па така идеални се за диетите
-Го намалуваат ризикот за развој на болести на срцето.
– Го подобрува здравјето на мозокот
– Го намалува холестеролот
– Го зголемува бројот на сперматозоиди кај мажите
– Го намалува ризикот од дијабетис
– Превенција од рак
– Ги зацврстува коските, кожата и ноктите.