Воздушните турбуленции никој не ги сака, особено оние кои се плашат од летање или имаат слаб желудник, но ако успеете да добиете место на средината во авионот, секако помалку ѓе ги чувствувате.

Седнете во средина на авионот и ќе чувствувате помали движења. Тоа е така бидејќ во тој дел прицврстени се крилата за трупот од авионот и тука тој најмалку се тресе – објасни Андреас Стројмер од институтот за дизајн на авиони при Универзитетот во Штудгард.
Покај тоа, патниците кои седат најблизу до средината чувствуваат помали движења кога пилотот ги менува командите. Од друга страна, најнезгоден дел е задниот и при турбуленции, но посебно при полетување кога се добива чувство на „пропаѓање“ како кога се возите во лифт.
Во задниот дел чувство е понепријатно отколку во средината кога пилотот го користи вертикалниот стабилизатор и кормилото за насочување. На прашањето дали е подобро да се седи покрај прозор или кон средината, одговорот зависи. Кога авионот се врти, посилно е чувството ако седите покрај прозор, па затоа е подобро да изберет седиште кон средината, но за оние кои се плашат од летање или кои чувствуваат мачнина, прозорот е подобар избор.