Родителите се трудат на своето дете да му го дадат најдоброто можно детство, но понекогаш, свесно или несвесно грешат и предизвикуваат болка и длабоки емоционални рани кои не зараснуваат дури ни кога детето ќе порасне.
Детето можеби ќе може да ги разбере причините за постапките на неговите родители кога ќе порасне, но во повеќето случаи нема да може да му ги прости грешките.
Овие две работи најчесто децата на родителите никогаш не им ги простуваат.
1. Неисполнето ветување
Ако не постои начин да се одржи ветувањето, тогаш подобро е да не го ни дадете. Ова е вистина што возрасните ни ја всадуваат уште од детството, нели? И тоа му го повторуваат на детето постојано, барајќи детето да си ги исполни ветувањата.
Сепак, и самите возрасни луѓе често ги кршат своите ветувања, притоа секогаш наоѓаа изговори – не можеа, некоја трета причина тоа го спречи, родителите имаат толку многу проблеми што едноставно не можат да стигнат со се…
Не би поверувале колку години децата можат да веруваат во одредени ветувања и молчејќи да трпат разочарување секој ден кога тоа ветување не се исполнува. Тие често никогаш не ги забораваат.
2. Непочитување
Многу родители се држат до идејата дека децата се мали и дека ќе заборават сè. Забораваат и дека децата не се еднакви со возрасните, па ги омаловажуваат нивните достигнувања и успеси, кои се главно мали, исто како нив. Кревка, нежна и весела детска душа ќе сака да ја пофалите за нешто мало, но мислите дека тоа не е ништо посебно и не му го кажувате, не знаејќи колку го повредувате детето.
На пример, едно мало девојче сака да си прави фустани за кукли. Родителите велат дека е губење време, дека треба да се посвети на нешто покорисно. На почетокот тоа се фустани кои се расплетуваат, но со текот на времето стануваат подобри и поубави. Како возрасна, таа девојка прави голема кариера во светот на дизајнот, но засекогаш носи еден грд спомен – нејзините родители никогаш не верувале во неа…
Затоа, внимавајте што им ветувате на вашите деца, како и што им кажувате за нивните страсти и хоби.