Туширањето е важен дел од вашата дневна рутина. Оние што го започнуваат денот со тоа истакнуваат дека тоа е најдобриот метод за будење. Додека други велат дека туширањето е најдобриот ритуал за да го завршите денот. Сепак, што велат експертите? Дали треба да се истушираме наутро или навечер?

Ќе мораме да ги разочараме љубителите на утринскиот туш бидејќи експертите се уште се приклонуваат кон вечерта, а еве и зошто:

Ќе заспиете полесно: Вечерниот туш го релаксира вашето тело и ум и може да ви даде подобар сон. Туширањето во топла вода 90 минути пред спиење може да ви помогне да заспиете 10 минути побрзо од вообичаеното. Имено, топла вода ја намалува температурата на вашето тело, што пак испраќа сигнал до вашето тело дека е време да заспиете.

Подобро е за вашата кожа: Туширањето пред спиење ќе спречи појава на акни. Дури и ако не сте излегле од дома или се потите, маснотиите и бактериите може да се натрупаат на вашата кожа во текот на денот. Затоа вечерниот туш е клучен за исфрлање на секојдневната нечистотија. Особено ако сте склони кон активности на отворено.

Ќе ги намалите сезонските алергии: Ако сте поминале време надвор од домот, полен и прашина може да навлезат на вашата кожа и облека, и ако не се истуширате пред спиење, тие може да завршат на вашата постелнина.

Можеби е време да размислите за промена на навиката и да го оставите тушот за вечер. Така ќе ги намалите алергиските реакции.