Ваша храна секогаш треба да ги следи промените и да служи како темел за успешното прилагодување на телото и психата.
Дали долго време сте се обидувале да направите некој здрав, зимски оброк, но не знаете од кои намирници? Ова ќе ви помогне…
– Лук, чили пиперки, семе од синап, и црн бибер – го засилуваат дигестивниот оган и го загреваат телото.
– Црвена леќа, мед, сите млечни производи – го загреваат телото.
– Пченка, костени, тиква – сезонска храна која е добар извор на енергија.
– Мешунки, цели зрна житарки, компир, мусли – намирници богати со магнезиум.
– Млад грашок, лелено семе, јаткасти плодови, просо, леќа, хељда – помагаат во развојот на менталните способности и репродуктивните функции.
Лукот е една од најстарите култивирани билки во светот. Денес е докажано дека лукот содржи околу двеста активни материи – богат е со етерично масло кое содржи сулфур, витамини (А, Б1, Б2 и Ц), минерали (калиум, железо, јод, калциум, селен и фосфор), содржи аминокиселини, ензими, полиози како инсулин, аденозин и алицин. Има исклучително силни антивирусни, антибактериски и антифунгални својства.