Институтот за бои Пантон ја избра бојата што ќе ја обележи 2024 година и тоа е специјална нијанса на бојата на праска или peach fuzz – лесен овошен тон кој предизвикува мир и спокојство.

„Минуваме низ многу превирања во нашите животи и имаме потреба од боја која негува. Тоа е топла и пријатна сенка и многу тактилна. Чувствуваме дека во вакво време, тактилноста е навистина важна – да ги допреме другите луѓе и да ги собереме во нашите домови“, изјави специјалистката за бои на Пантон, Леатрис Ајсман.

Праска тонот веќе беше присутен на модните ревии оваа година, особено на Модната недела во Милано. Изборот на Пантон традиционално се одразува на трендовите во модата, убавината, дизајнот и екстериерното уредување.