Иако мислиме дека е ова оброк кој може да не држи сити се до ручекот, нутриционистите не би се сложиле со оваа одлука, па затоа велат дека јогуртот и лиснатото тесто се всушност најлошите намирници кои можете да ги изедете на празен желудник.

Всушност, лиснатите теста се калориски богати, но сиромашни со нутриенти, па со самото тоа не се добар избор за првиот оброк рано наутро.

Од друга страна, лиснатите пецива главно биле смрзнати подолг временски период, па најчесто се подготвени со додатоци и старо масло.

Исто така, големата количина на квасец може да го изиритира желудникот и предизвика надуеност.

Точно тогаш кога ќе посакате да испиете и чаша јогурт со пецивото, кој најдобро одговара во таа комбинација, на празниот желудник ќе ви предизвика хорор.

Добрите бактерии од јогуртот ќе го уништат делувањето на желудочните киселини, па нема ни да имате некои здравствени придобивки од јогуртот.