Превенцијата е многу значајна во стопирањето и појавата на тромбозата. Состојба која настанува со оштетување на крвните садови и настанува со натрупување на слепени крвни плочки со што се создава чеб или тромб бо крвниот сад. Ваквата состојба е најчеста причина за појава на крадиоваскуларни заболувања. Докторите апелираат дека бројката се зголемува и потребно е новите лекови кои ќе влијаат и на превенција на ова заболување да бидат ставени на позитивната листа, бидејќи цените се превисоки за пацинетите.
Предлогот за проширување и обновување на позитивната листа со новите лекови ќе биде пренесен и до Фондот за здравствено осигурување. Тромбозата не е само состојба кај постарите луѓе, туку и сериозен проблем и кај тинејџерите.