Живата во термометарот денеска се искачи на 40 тиот степен. Како што соопшти УХМР, целата територија на земјата е во т.н. Жолта фаза со високи температури и ув индекс 9. Најтополо беше во Демир Капија, 40 степени, а најсвежо во Маврово, 28 степени.
Поради тропското време, надлежните апелираат граѓаните да ги почитуваат општите препораки за заштита од високите температури, односно да се заштитат од директна сончева изложеност, да избегнуваат престој на отворено во периодот од 11 до 17 часот.