Најчесто, под зависност се подразбира зависност од дрога и алкохол. Меѓутоа, илјадници луѓе страдаат од зависноста од храна, а ова е проблем за кој се зборува многу ретко.

Овој вид на зависност е поврзан со емоциите како што се стрес, тага или лутина, пишува Health24.

Околу 20 проценти од светската популација се бори со овој вид на проблем, а според анализите пицата е на врвот на списокот намирници од кои луѓето се зависни.

Веднаш по пицата, на списокот следуваат чоколада и чипс, а по нив следува и сладоледот.

На петто место се наоѓа помфритот, кој го дели местото со чипсот.

Сите пет намирници од кои луѓето се зависни, а кои се наоѓаат на овој список, содржат висока концентрација на шеќер и незаситени масти, што значи дека не се препорачува да ги консумирате толку често.