Во текот на месец јули, пријавени се пет потврдени случаи на ХИВ и два случаи на СИДА, информираат од Институтот за јавно здравје на Македонија во билтенот за движењето на акутни заразни заболувања во земјава за месец јули.

Од Институтот додаваат дека шест случаи се од машки и еден од женски пол, а во земјава моментално живееле 546 лица регестрирани со ХИВ/СИДА.

-Во однос на возраста, по две лице припаѓа на возрасната група од 20-29, 30-39 и 40-49 години, едно лице припаѓа на возрасната група од 50-59 години.
Согласно постоечката евиденција на пријавени случаи (заклучно со 31.07.2024), кумулативниот број на лица регистрирани со ХИВ/СИДА во Р. Северна Македонија, за периодот 1987–2024, изнесува 674, и тоа: • 128 лица починале, • 546 лица живеат со ХИВ/СИДА, информираат од ИЈЗ.

Исто така, во групата на сексуално и крвно преносливи инфекции (без ХИВ/СИДА) за месец јули биле регистрирани 13 заболени лица (0,9%; I=0,7/100.000) и тоа пријавени 6 случаи на сифилис, четири случаи на вирусен Хепатитис Б, два на гонореја и еден случај на инфекција со Хламидија, известија од Институтот.