Петтата жртва на грипот: 14-годишно дете почина на клиниката за инфективни болести

На Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби поради компликации од грип почина 14-годишно дете.Детето претходно боледувало и од церебрална парализа. Според податоците од Институтот за јавно здравје, до…

На Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби поради компликации од грип почина 14-годишно дете.Детето претходно боледувало и од церебрална парализа.

Според податоците од Институтот за јавно здравје, до крајот на минатиот месец се пријавени 3.209 случаи со симптоми на грип. Инаку, ова е петти регистриран смртен случај од грип оваа сезона.

Но, да не се заборават зборовите не министерот за здравство, г-нот Венко Филипче, дека очекувана е бројката на болни, има дури помалку од лани и дека нема шанси ова да препрасне во епидемија. Па, како што може да забележиме посочуваат пациентите, секојдневно се повеќе болни од грип, веќе петта жртва зема грипот.

Министерот нема реакција, не прогласува епидемија или алармантна состојба, најверојатно бидејќи од овие вакцини нема профит и затоа ние како пациенти се мачиме и секојдневно живееме во страв да не биде некој од нас следната жртва. – посочуваат неколку пензионери со кои разговаравме во центарот на градот


Related Articles