Доколку често јадете пица и сакате да се ослободите од прекумерната количина на јаглехидрати, ова е одлично решение за вас.
Иако никогаш нема да има вкус на вистинска пица, сигурни сме дека ќе бидете задоволни со пица од карфиол – таа е хит со години и сè уште е во тренд меѓу оние кои се обидуваат да се хранат поздраво.
Основа за пица од карфиол
Карфиолот измијте го, исчистете го и исечкајте го што помали парчиња, за да може да се стави и во блендер. На масло пропржете го сечканиот карфиол околу 10 минути. Зачинете по желба. Користете сол, бибер и лук во прав. Карфиолот се остава да се излади, па се додаваат јајца и рендано сирење. Префрлете ја смесата на хартијата за печење, формирајте пица околу 30 см.
Се пече во загреана рерна на 250 Целзиусови степени околу 15 минути, додека тестото не ја промени бојата. Дури тогаш можете да го ставите филот за пица на испеченото тесто, внимавајќи да не се преполни. Вратете ја во рерна 5-8 минути додека да се растопи кашкавалот. Кусо изладете ја пицата и послужете.