Магазинот PLOS Genetics во 2013 година објави студија која првпат го испитуваше влијанието на пивото на долговечноста. Научниците дојдоа до заклучок дека пивото влијае на гените. Студијата извршена на квасец покажа дека консумирањето на пиво доведува до продолжување на теломерите кои се составен дел од хромозмот кој, ако значително се скрати, доведува до смрт на келиите.

Најновото истражување на Универзитетот во Калифорнија даде дополнителна потврда на користа од умереното консумирање пиво.

Студијата на која истражувачите работеле 14 години проучувала како влијае животниот стил на 1 700 лица постари од 90 години на нивниот животен век. Истражувачите открија дека лицата кои дневно пиеле по две чаши пиво или вино имале 18 отсто помал ризик од прерана смрт.

Интересно е тоа што испитаниците кои секојдневно вежбале меѓу 15 и 45 минути тој ризик го намалиле само за 11 отсто.