После два минати дена без ниту еден нов случај на заразен со новиот коронавирус во Словенија, лекарите повторно евидентираа новозаразени лица, јави дописникот на МИА од Љубљана.
Националниот институт за јавно здравје објави дека вчера се направени нови 1.338 тестирања за новиот коронавирус, а кај шест лица заразата била потврдена.
Сепак намалување има на бројот на лицата кои болнички се лекуваат од Ковид-19, па така во овој момент низ медицинските центри во земјата хоспитализирани се вкупно 56 пациенти, а поради потешка форма на болеста на одделенијата за интензивна нега се третираат 17 лица.