Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 2.020 тестови, а регистрирани се 163 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 102, Битола – 18, Куманово – 8, Прилеп и Ресен – по 5, Кавадарци, Велес и Кичево – по 3, Тетово, Охрид, Струмица, Гевгелија и Делчево – по 2, Гостивар, Радовиш, Валандово, Виница, Кратово и Демир Капија – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (163), регистрирани се 24 реинфекции.

Регистрирани се 259 оздравени пациент од: Скопје – 153, Кавадарци – 21, Битола – 17, Куманово, Прилеп и Велес – по 8, Гостивар – 7, Ресен и Охрид – по 6, Тетово и Делчево – по 4, Кичево, Струмица, Струга и Неготино – по 3, Крива Паланка – 2, Валандово, Кочани и Свети Николе – по 1.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 4 починати лица од: Скопје (1), Тетово (1), Охрид (1) и Струмица (1), на возраст од 64 години до 83 години. Пријавените лица се починати во период од 02.03.2022 до 21.03.2022 гоидна. Од пријавените лица 3 се починати во болнички услови, а едно лице е починато во домашни услови. Од вкупниот број на починати лица (4), кај 3 починати лица се регистрирани коморбидитети.

Досега во земјата се направени вкупно 1.978.825 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 307.507, бројот на оздравени пациенти е 296.833, на починати е 9.240, а бројот на активни случаи изнесува 1.434.