Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 808 тестови, а регистрирани се 57 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 38, Битола и Прилеп – по 5, Штип – 4, Кавадарци, Велес, Струга, Неготино и Крушево – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (57), регистрирани се 15 реинфекции. Регистрирани сe 9 оздравени пациенти од: Скопје – 8 и Македонски Брод – 1.

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирано е едно починато лице од Струга (86г), и истото е починато во болнички услови. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, нема регистрирани починати лица.

Досега во земјата се направени вкупно 2.177.967 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 343.722, бројот на оздравени пациенти е 333.833, на починати е 9.554 а бројот на активни случаи изнесува 335.