Неколку часа траеше трансплантацијата на срце кај 53 годишниот пациент, кој имаше тешка срцева аномалија. Сега следи критичен период на опоравување. Пациентот останува под надзор на стручниот лекарски тим на Клиниката за кардиохирургија.

За ова, на Фејсбук информираше министерот за здравство Венко Филипче.

– На клиниката за Урологија хирурзите полека ја завршуваат и трансплантацијата на бубрег кај дваесет годишната пациентка која подолг период беше на дијализа. На пациентите им посакуваме што побрзо опоравување и многу здравје. На колегите кои беа дел од овие експлантации и трансплантации на срце и бубрег, им честитам за уште еден успех. Вие пишувате историја! Изразувам незимерна благодарност за храброста, добродушноста и хуманоста на семејството на донорот, пишува Филипче.