Велешани веќе не мораат да патуваат во други болници за да направат компјутерска томографија. По една година, отстранет е дефектот и томографот е повторно ставен во функција. Ова е огромна придовки за пациентите не само од Велес, туку од цело Повардарие, вели првиот човек на велешката болница.
„Еден многу важен, ако не и најважен сегмент во дијагностиката – компјутерска томографија повторно е ставен во функција, проценка ќе значи понатаму, насока што понатаму да преземат“ – изјави Димитар Стровјаноски, директор на општа болница Велес.
Замената на расипаната цевка на томографот чини околу 100 илјади евра. Неа ја плати Министерството за здравство. Министерот Филипче денеска дојде лично да се увери дека овој важен апарат за велешката болница е во функција. Од раководството, лекарите и техничкиот персонал на болницата побара компјутерскиот томограф да работи 24 часа.
Сите пациенти од овој регион се препраќаа во Штип или Скопје, што значеше отежнување“ – вели Венко Филипче, министер за здравство.
Наместо министерот Филипче да реагира порано и побрзо, велешани мораа за неговата неагилност да се стрпат година и повеќе за да добијат функционален апарат за компјутерска томографија. Каде е министерот во вакви ситуации да даде се од себе да се заложи и да помогне на сите оние пациенти кои беа препраќани во Штип или соседните градови.
Грижата за македонските пациенти не престанува со престанок на работниот ден или за време на празници и викенди. Македонските пациенти заслужуваа томограф порано, подобро и на услуга 24/7 и изминатава година, така да не е во ред за тоа што не сте успеале цела година да го обезбедите делот и да се плати сервисот и сте ги оставиле приближно 4000 пациенти на кои им била потребна оваа услуга на цедило да кажете дека сте направиле нешто за нив и да го преставувате како успех.
Каде бил Филипче целиот тој период да ги заврши работите за да има за што да препише заслуга, неуспехот од година дена никако неможе министерот за здравство да го престави како успех тоа е апсурд.