Пробувајќи сега со добро да го вратат расположението кај народот за да застанат на нивната добра страна и да ги „убедат“ дека вакцинирањето е добро, тоа што требаше веднаш да се направи, односно да се започне со добра кампања министерството за здравство и УНИЦЕФ сега го започнуваат заедно во земјава.

Имено денес на неговиот Фејсбук профил министерот за здравство, Филипче објави видео со манекенката Катерина Ивановска за подигање на јавната свест, дека вакцинацијата е најдобрата мерка против заразни болести. На тој начин го послуша народот и започна со информирање на нацијата зошто е добро да се биде вакциниран.

Колку ќе трае кампањата и дали ќе се води на вистинскиот начин за да ги даде саканите резултати останува јавноста да чека за да дознае. Во меѓувреме казните за 130-те родители остануваат, условувањата за нив се исти како и правото на избор што им е одземено, за нивното дете што е тоа што мислат дека е најсоодветно да го одлучат, овие 130 родители имаат одземено право да одлучуват за нивните деца од страна на министерот, тоа не смее да се заборави и не смее да се дозволи, сега се 130 родители, следнаа година колку ќе бидат на отстрел – посочуваат родителите со кои разговаравме.

Иако кампањата почна, иако започнува нешто да се прави, велат загрижените родители, што ќе правиме ние, каде се нашите права?

Министерот не го засегаат овие прашања, продолжува со кампањата, на неговиот профил во постираното видео манекенката ивановска вели дека некои работи никогаш не излегуваат од мода и дека вакцините делуваат. Таа кажува дека е вакцинирана, а откако пред една година стана мајка го вакцинирала и своето дете.

Дали е ова само дел од кампања за подигнување на свеста кај народот или се работи за привлечен хонорар за тие што ќе се појават во кампањата, допрва ќе дознае јавноста.

Промотивното видео е изготвено во рамки на Европската недела на имунизацијата, а како што велат од министерството за здравство идејата е јавни личности да кажат дали се вакцинирани и дали ги вакцинираат своите деца.