Вкупната бројка на ковид дијагностицирани пациенти во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 13 458, бројката на оздравени пациенти е 10 052, а на починати е 563. Во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2 843.
Министерството за здравство денеска информираше дека во изминатото деноноќие во Македонија се регистрирани вкупно 159 заразени со коронавирус.
Во главниот град се уште е највисока бројката на активни случаи на вирусот, односно 829. По завршените епидемиолошки анкети денешната прераспределбата на активни случаи по општини во Скопје изгледа вака:
- Чаир – 114
- Гази Баба – 100
- Аеродром – 99
- Карпош – 92
- Центар – 81
- Кисела Вода – 84
- Ѓорче Петров – 63
- Бутел – 61
- Шуто Оризари – 36
- Студеничани – 19
- Сарај – 20
- Арачиново – 15
- Илинден – 12
- Сопиште – 9
- Чучер Сандево – 6
- Петровец – 8
- Зелениково – 4
- Странец – 4
- Нераспределен – 2