Вештачките засладувачи, по правило, не содржат калории и произведуваат помала штета во организмот од шеќерот.

Претераната употреба на шеќерот доведува до влошување на здравјето. Луѓето кои сакаат да го одбегнуваат шеќерот, често посегнуваат по вештачките засладувачи. Но, се поставува прашањето – Колку тие се добри по здравјето на човекот?

Оваа замена може да ги излаже рецепторите на јазикот кои се одговорни за слаткиот вкус. Вештачките засладувачи, по правило не содржат калории, а истите се додаваат во храната и пијалоците означени како “диетални”.

Користа од вештачките засладувачи е контроверзна тема, а еве што сè предизвикуваат тие:

  • Прекумерна тежина

Засладувачите без калории предизвикуваат потреба за храна, односно го зголемуваат апетитот.

  • Зависност

Уште еден аргумент против вештачките засладувачи е тоа што неприродно произведениот засладувач предизвикува желба за слатки како и зависност. Оваа идеја е логична бидејќи вкусот на луѓето може да се промени кога константно консумираме нешто.

  • Болести на денешницата

Некои истражувања покажуваат дека вештачките засладувачи се поврзани со ризикот од метаболички нарушувања, дијабетес тип 2 и кардиоваскуларни заболувања.

  • Нарушена цревна микрофлора

Вештачките засладувачи негативно влијаат врз цревната микрофлора која е многу важна за оптималното здравје. Тие ја нарушуваат рамнотежата на цревните бактерии што доведува до пореметување во апсорпцијата на хранливите материи, пореметување во имунитетот и дебелеење.