Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ECDC) очекува нагло зголемување на инфекциите со коронавирус во Европа поради ширењето на варијантата Делта.
Врз основа на анализи за земјите од Европската економска област (ЕЕА), агенцијата со седиште во Стокхолм очекува бројот на случаи во регионот да се искачи на 662,9 нови инфекции на 100.000 жители во првата недела од август. ЕЕА опфаќа 27 членки на Европската унија, Норвешка, Исланд и Лихтенштајн.
Стапката на инциденца од седум дена беше 89,6 минатата недела, како резултат на зголемувањето на инфекциите во претходните две недели, според последниот извештај на ECDC за коронавирусот. До крајот на неделава на подрачјето на ЕЕА може да има 144,6 нови инфекции на 100.000 жители, покажува извештајот, пренесува ДПА. После тоа, инциденцата нагло ќе се искачи на проценетите вредности од 262,2 и 420,4, па дури и на 622,9 во следните недели.
– Се очекува дека сегашното континуирано влошување на епидемиолошката состојба во многу земји ќе продолжи поради наглото зголемување на делтата варијанта, додаде тој. Најновиот пораст на инфекции е забележан кај помладите возрасни групи.