Новите случаи на заболени во тетовскиот регион се главно во општина Теарце, додека нови заразени се регистрирани и во Јегуновце, Брвеница и Желино. Повеќето се на возраст меѓу 20 и 30 години.
„Доминира бројот во општина Тетово, вкупно 12 нови случаи, во општина Теарце има три нови случаи и по еден случај во општина Јегуновце, Брвеница и Желино. За жал пациентка во општина Желино почина… Постојат уште две нови жаришта, едното во Тетово и другото во Јегуновце“, рече Наим Скендери , центар за јавно здравје, Тетово.
Од Центарот за јавно здравје во Тетово стравувата ако бројот на заболени продолжи да расте.
„Во иднина, ако имаме вакви случаи, особено бројки повисоки од 15-20 и слично, веројатно ќе имаме потешкотии, затоа што немаме голем број на персонал, но досега мислам дека ја постигнавме целта“, додава Скендери.
Вкупниот број на заразени во Тетово достигна 336, додека активни се 150 случаи, во Теарце има 39.