Почната е постапка за јавна набавка на нов универзитетски Клинички центар, соопштуваат од Минстерството за здравство. Критериум за избор на најповолна понуда ќе биде најдобриот сооднос помеѓу цената и квалитетот, економски најповолната понуда. За прв пат не е критериум најниската цена, туку економски најоправданата понуда при што се земаат во предвид критериумите 30 бода за цена и 70 бода за квалитет, соопштуваат од МЗ.
– Изградбата на нов современ и функционален универзитетски клинички центар во Скопје на ГринФилд локација, ќе гарантира високо квалитетни здравствени услуги на населението во целата држава. Стои во соопштението од МЗ.