ВМРО-ДПМНЕ кога ќе ја формира новата влада ќе ги подобри здравствениот систем. СДСМ за овие 3 години го уназади здравствениот систем, а министерот ќе остане запаметен само по делење на тендери по пријателска и партиска линија, информираат од партијата.
-Ова yништување на здравствениот систем ќе заврши по 12-ти април, кога ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на изборите и ќе формира влада. ВМРО-ДПМНЕ предвидува низа мерки кои ќе помогнат за задржување на здравствениот персонал во Република Македонија. ВМРО-ДПМНЕ се обврзува на обнова со која ќе обезбеди за 20% повисоки плати во здравството за сите. Мора да имаме задоволни вработени во здравствениот систем кои ќе ја градат својата иднина тука во државата. Затоа се предвидува линеарно во еден четиригодишен мандат континуиран раст од вкупно 20% на платите на лекарите, стоматолозите, средниот медицински персонал и техничкиот и административниот персонал. Истовремено ВМРО-ДПМНЕ се обврзува веднаш во првите 100 дена да интервенира во законот, каде што ќе се овозможи на медицинскиот персонал, лекарите, техничкиот персонал заедно со лекарите да можат покрај услугите кои што ќе ги даваат во државното здравство, да даваат услуги и во приватното здравство. И обратен процес, да може лекарите кои што даваат услуги во приватното здравство да можат да даваат услуги во државното здравство, се наведува во соопштението.
ВМРО-ДПМНЕ, покрај тоа, се обврзува и на обнова со која што ќе овозможи утврдување на достоинствена гарантирана плата за специјализанти и платени дежурства.
-Со тоа ќе се заштити нивниот стандард и ќе се поттикнат истите тие да се развиваат. За Оние кои преставуваат иднина на македонското здравство мора се да се направи за да бидат задоволни и да имаат платен труд. ВМРО-ДПМНЕ обновата на здравствениот систем ќе ја започне по 12-ти април со реални мерки. Гласот за ВМРО-ДПМНЕ е глас за обнова, а гласот за СДС е глас за криминалот кој мора да биде поразен. СДС не се менува и останува партија зapoбена од Заев и Шекеринска кои се последните остатоци на кpиминалната транзиција. За спас на Македонија, транзициските криминалци мора да бидат кaзнети за штетите кои ги направија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.