Депилацијата на интимните зони може да доведе до ширење на вируси, предупредуваат француските лекари, додавајќи дека во изминатите 10 години е забележан пораст на случаи заразени со вирусот „Molluscum contagiosum“.
„Molluscum contagiosum“ се вирусни херпеси како бели, сјајни бисери кои имаат средишно јадро и врв. Обично се јавуваат на лицето и рацете, но можат да се шират насекаде по кожата со чешање или сексуален контакт.
Француските лекари истакнуваат дека поради овој вирус се повеќе луѓе бараат помош од дерматолози.
– Поради мода, но и хигиена, многумина се одлучуваат да ги средат своите интимни делови на телото, посебно младите жени, и овој тренд е се попопуларен, нагласуваат научниците, предупредувајќи дека за време на депилација сепак треба добро да се внимава бидејќи инфекциите се почести.