Преку итни донации се направени потребните количини за реагенси за испитување на голема кашлица, потврди денеска директорката од Институтот за јавно здравје Марија Андоновска.
Од институтот велат дека за среќа навреме било потврдено дека фрижидерот бил исклучен и сите реагенси биле со добар квалитет. Она што сега се превзема од инситутот е дека за фрижидерите ќе бидат одговорни посебни луѓе и се ставени со просторија со клуч.
Обвинителството вклучило вешти лица кои ќе ги истражуваат причините за исклучувањето од струјата на фрижидерите каде што се чувале реагенсите во Институтот за јавно здравје.
Случајот беше пријавен во полицијата во четвртокот од страна на директорката на Институтот која се сомнева во саботажа.